Игротеката „БАМБИ“ е основана во 2002 година. Се наоѓа на ул. Фредерих Шопен бр.4, Скопје, во непосредна близина на црквата Св. Петка, во населбата Црниче. Објектот е индивидуален, приземен, со површина од околу 316м2. Просторот содржи дел за деца, дел за возрасни, покриен двор и помошни-пратечки простории кои се меѓусебно поврзани и претставуваат функционална целина.